Вистинскиот принц на бел коњ: Средношколец ѝ соши бајковит фустан на својата партнерка за матурската вечер
Средношколец кој никогаш претходно не шиел, ниту знаел како се прави тоа, ја совлада вештината и ѝ соши фустан на својата партнерка за матурската вечер, а фустанот е надреално прекрасен!
Ученикот Паркер Смит, од средното училиште Пенделтон Хајтс, во Индиана, оваа одлука ја донел кога неговата партнерка за матурската вечер, Ади Раст го пронашла совршениот фустан, но постоел еден проблем- фустанот бил премногу скап.
Во Февруари оваа година, само неколку месеци пред големиот настан, партнерката се пошегувала со Паркер.
„Зошто едноставно не ми го направиш фустанот за матурската?“- рекла Ади.
Средношколецот одвоил време да размисли за предлогот на Ади, иако бил спомнат на шега, сепак Паркер одлучил дека ќе се обиде да стане кројач, барем на кратко.
„Знаеш што, мислам дека можам да го направам фустанот“- рекол тој.
Потоа истиот започнал да работи на фустанот со месеци. Бидејќи воопшто немал искуство и не знаел да шие, Паркер први научил како се шие, а потоа откако ја совладал техниката благодарение со малата помош од неговата баба, средношколецот потоа сам започнал да го преправа и усовршува дизајнот на фустанот.
„Јас сум голем префекционист. Дури самата вечер пред матурската забава, седев до доцна во ноќта и ги шиев блескавите каменчиња на ткаенината“- додава Паркер.
Следниот ден, талентираниот и генијален средношколец ја подарил својата оригинална креација во величествена сина боја на својата партнерка, а кога Ади го здогледала фустанот, започнала да плаче од радост, а истовремено не можела да поверува на своите очи, дека Паркер создал дури и поволшебна реплика на оригиналниот скап фустан.
Приказната наиде на илјадници воодушевени луѓе, откако самиот Паркер ја сподели малата модна авантура на неговиот Твитер профил.