Карфиолот е идеален како прилог на главно јадење, но овојпат ви предлагаме да го приготвите како главен оброк.

 

Во сад со вода поставете го карфиолот, претходно исчистен и искршен на мали парчиња,  потребно е да се обари во период од 15 до 20 минути. Обарениот карфиол претурете го во тава за печење и прелијте го со добиената смеса од бешамел сос. Прелијте го уште еднаш со павлака за готвење. Поставете го во рерна на температура од 200 степени, да се пече се додека не зарумени.

Подготовка на бешамел сос:

Во длабока тава за пржење истурете го брашното, да се пропржи со мала коцка путер. Набрзо потоа сипете го млекото и оставете да зоврие, повремено мешајте за да не загори. Во меѓувреме изрендајте го кашкавалот и сирењето, потоа додајте го во тавата со млеко. Кога смесата ќе почне да се згуснува, тргнете ја тавата од оган.

Потребно време за подготовка: 2 часа

Зачини:  вегета, мелен бибер, сол по желба

Потребни состојки:

  • 1 кг. карфиол
  • 500 мл. млеко
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 50 гр. сирење
  • 50 гр. кашкавал
  • 2 лажици брашно