Овој колач може да се направи со речиси сите есенски плодови – јаболки, круши, сливи, дури и грозје (без семки). Кога го сецкате овошјето поголеми и различни парчиња, толку ќе биде повкусен слаткиот колач.

Состојки

  • 1 грст ореви
  • 4 Јајца
  • 100 г путер
  • 1.5 ч брашно
  • 1,5 чаши шеќер
  • 4 Јаболка
  • 1 лажица Цимет
  • 3 лажици Кафеав шеќер

Начин на подготовка

Измијте ги јаболката и излупете ја кората. Исечете ги на големи парчиња. Додека го подготвувате тестото држете ги јаболката во сад со вода за да не потемнат. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не добиете густа жолта смеса. Додадете го растопениот путер и мешајте полека. Сипете брашното и прашокот за пециво, мешајќи со лажица. Подмачкајте ја тавата за печење со зејтин. Истурете го тестото и одозгора ставете ги сецканите јаболка. Посолете со цимет и кафеав шеќер за да добиете убава глазура.

Печете во претходно загреана релна на 185 степени, 45 минути.