Вкусен викенд предлог: Солени мафини со јајца, чија подготовка ќе ви одземе 20 минути
Вкусно, едноставно, лесно и готово за 20 минути. Зарем има подобра опција за претстојниот викенд?
Потребни состојки
- 3 јајца
- 150 мл млеко
- 75 мл масло
- 250 гр брашно
- ½ прашок за пециво
- 1 кафена лажица сол
- 75 гр ајвар
- 75 гр сирење
- Варени јајца
Начин на подготовка
Изматете ги јајцата, а потоа додадете го млекото, маслото и сол по желба. Измешајте го брашното заедно со пецивото, а потоа доадете го во првата смеса. На крај во добиената смеса додадете ги ајварот и сирењето и мешајте се додека сите состојки не се соединатат во една мазна текстура.
Во калап за мафини, на површината нанесете путер во секој дел и ставете по малку од смесата. Потоа во секој дел, ставете по едно јајце. Ако јајцето е малку поголемо, тогаш пресечете на половина.
Печете во загреана рерна на температура од 200°C, во времетраење од 20 минути.