Оваа диета е наменета за оние кои сакаат да ја намалат нивната телесна тежина, но и за оние кои имаат чести проблеми со варењето на храната и нечистата кожа, бидејќи ги решава сите овие проблеми на природен начин.

Диетата воедно е доста рестриктивна, при што пред нејзино практикување, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар.

Многу е важно да си поставите реални цели. Оваа диета ја дава можноста и за губење на 1 килограм дневно, а воедно во текот на истата треба да внесувате помалку јаглехидрати и неопходно е да не ја заборавите вашата физичка активност.

Не ја солете храната претерано, а притоа наместо сол, користете билни зачини.

Во продолжение прочитајте го детално менито за 1 недела:

1. Понеделник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, но во ниту еден случај, банана), 2 парчиња двопек и шолја кафе или чај, но без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 шолја кисело млеко

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина килограм марула или салата од краставици и 2 парчиња двопек

2. Вторник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, но во ниту еден случај, банана), 2 парчиња двопек и шолја кафе или чај, но без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 шолја кисело млеко и 2 парчиња двопек

Вечера: 125 гр говедско месо, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер

3. Среда

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, но во ниту еден случај, банана), 2 парчиња двопек и шолја кафе или чај, но без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 шолја кисело млеко и марула

Вечера: 125 гр мелено месо, 1 портокал, 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер

4. Четврток

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, но во ниту еден случај, банана), 2 парчиња двопек и шолја кафе или чај, но без шеќер

Ручек: 125 гр свежо крајво сирење или моцарела, 1 домат и 1 парче двопек

Вечера: 125 гр мелено месо, 2 домати, 1 јаболко и 1 парче двопек

5. Петок

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, но во ниту еден случај, банана), 2 парчиња двопек и шолја кафе или чај, но без шеќер

Ручек: 200 гр пилешко месо или риба, 1 домат и 1 парче двопек

Вечера: 500 гр варени зеленчуци (зелка, грав, компири), 1 варено јајце и 1 домат

6/7 Викенд

Во текот на викендот, јадете нормално, како што тоа вообичаено го правите.

Откако ќе ја достигнете посакуваната телесна тежина, потребно е секој Понеделник да го практикувате следното мени:

Појадок: 1 лимонада без шеќер

Ручек: 1 јајце, 1 парче двопек и 1 домат

Вечера: 1 парче двопек и 1 домат

Правила:

  • Месото и зеленчуците може да ги зачините
  • Консумацијата на алкохол е строго забранета