Оваа диета е наменета за оние кои сакаат да ја намалат тежината, но и за оние кои имаат проблеми со варењето или нечиста кожа, бидејќи ја намалува апсорпцијата на мастите на природен начин. Ова е распоредот за тоа како треба да изгледа појадокот, ручекот и вечерата со оваа диета.

Понеделник:

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … во никој случај банана), 2 парчиња двопек, чаша кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина килограм марула или салата од краставици, 2 парчиња двопек

Вторник:

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … не банана), 2 парчиња двопек, чаша кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 јогурт, 2 парчиња двопек

Вечера: 125гр. говедско месо, 1 домат, 1 парче двопек, 1 чаша кафе или чај

Среда:

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … без банана), 2 парчиња двопек, чаша кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт, марула

Вечера: 125 гр. Мелено месо, 1 портокал, 1 парче двопек, 1 чаша кафе или чај

Четврток:

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … без банана), 2 парчиња двопек, чаша кафе или чај без шеќер

Ручек: 125 гр. Свежо кравјо сирење со малку млечни масти (или моцарела), 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 125 гр. Мелено месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 парче двопек

Петок:

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … без банана), 2 парчиња двопек, чаша кафе или чај без шеќер

Ручек: 200 гр. Зготвено месо или риба, 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 500 гр. Варен зеленчук (зелка, грашок, компир …), 1 варено јајце, 1 домат

Во текот на викендот јадете нормално.