Вкусна и здрава домашна чоколада
За да ја направите оваа вкусна чоколада потребно ви е малку време, а резултатот ќе ги израдува вашите деца.
Потребни состојки:
70 – 100 гр какао
50 мл млеко
2 супени лажици шеќер во прав или мед
50 гр путер
цимет (по желба)
Начин на подготовка:
На слаб оган го загреваме млекото, но не треба да зоврие. Додаваме шеќер и мешаме. Потоа додаваме путер, цимет и повторно мешаме. Добиената смеса ја истураме во сад каде што е какаото, постепено и со мешање за да не се згрутчи. Готовата смеса ја загреваме на тивок оган или на пареа. По желба додаваме ореви, лешници, суво грозје.
Смесата може да се стави во силиконски калапи или во мали чинии. Оставете ја во фрижидер околу 1 час.