Како што се приближува есента така се приближуваат и честите настинки. Нема ништо подобро од топла и здрава супа која ќе го зајакне Вашиот имунитет, а во исто време има и одличен вкус.

Состојки

  • 3 л. вода
  • 2-3 чешниња лук
  • 1-2 лажици свеж рендан ѓумбир
  • 1 шолја сечкани листови од целер
  • 1/4 кромид
  • 1 големо гранче рузмарин
  • 1 лажица темјан
  • 1 лажица жалфија

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во големо тенџере со капак. Потоа ставете го тенџерето на загреана рингла додека водата не зоврие, а потоа намалете ја температурата на оганот. Се остава  да врие на тивко околу 60-тина минути. Процедете ја течноста во друго тенџере. Изгмечете го зеленчукот и поменете го низ цедалката.