Вкусни ќофтиња од компири со кашкавал
Ви нудиме супер рецепт за ќофтиња од компири со кашкавал . Стануваат крцкави однадвор и меки од внатре.
Потребни состојки:
7 – 8 компири,
80 мл масло
100 гр кашкавал
3 јајца
2 лажици брашно
1 глава кромид
црн пипер
сол по вкус
магдонос
Прво излупете ги компирите, исечете ги на коцки и сварите ги. Потоа изгмечете ги.
Додадете рендан кашкавал, заедно со една лажица брашно, едно јајце, сечкан кромид, сол по вкус, црн пипер и ситно сечкан магдонос.
Сето тоа замесете го и формирајте ќофтиња.
Извалкајте ги во брашно, потоа во јајце и пржете ги во тава со загреано масло. Кога ќе добијат златна боја извадете ги и ставете ги на хартија.
Овие ќофтиња од компири и кашкавал се прилог за со секое јадење, а и неверојатно добро мезе за со пиво.
Добар апетит!