Вкусни печени компири со додатоци
Потребни состојки:
- 6 големи компири
- додатоци по желба (кашкавал, сланина, кромид, печурки, зеленчук)
- 450мл. павлака за готвење
Зачини: кари, вегета, мелен бибер, сол по желба
Потребно време за подготовка: 1 час и 30 минути
Компирите добро измијте ги ги и ставете ги на тавче за печење. Зачинете ги со сол и бибер и масло за јадење и покријте ги со алуминиумска фолија. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат 30 минути. Во меѓувреме направете смеса од додатоци, по 30 минути извадете ги компирите и прекријте ги со смесата.Вратете ги во да се испечат, но извадете ја фолијата, за да можат да заруменат.