Вкусно пилешко месо со зеленчуци на кинески начин- Совршен специјалитет за оние кои држат диета
Доколку се трудите да држите линија и да ја запазите вашата фигура, тогаш со сигурност во вашата диета т.е во вашето дневно мени може да се најде и брокулата.
Некои ја обожаваат, други не, а денес ви откриваме рецепт со кој овој уникатен зеленчук ќе ви стане омилен.
Вкусно пилешко месо на кинески начин
Потребни состојки
- Половина килограм пилешко месо
- Половина килограм брокули
- 250 гр печурки
- 3 супени лажици сончогледово масло
- 3 чешниња лук
- 1 супена лажица ѓумбир
- 2 кафени лажици сусамово масло
- Соја сос
- 1 супена лажица кафеав шеќер
- 1 пилешка супа
- 250 гр пченично брашно
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Додадете 1 супена лажица од маслото за готвење, во длабока тава. Исечете го пилешкото месо на мали парчиња и додадете ја солта и мелениот црн пипер. Пржете го месото 12-20 минути до негово добивање на кафеаво- златна боја, а потоа оставете го настрана.
Затоплете уште 1 супена лажица од маслото во истата тава и додадете ги печурките. Кога печурките ќе омекнат, додадете ги и брокулите и пржете исто до нивно омекнување, а потоа разделете ги овие две состојки.
Додадете уште 1 супена лажица од маслото во тавата. Сега испржете го исечениот лук и ѓумбир, додека да се појава нивната арома. Следно додадете ги останатите состојки кон сосот: Маслото од сусам, соја сосот, кафеавиот шеќер, пилешката супа и брашното.
Додадете го и пилешкото месо и зеленчуците во добиениот сос. Гответе уште неколку дополнителни минути, додека сè е топло. Не заборавајте да го промешате јадењето.
Овој вкусен специјалитет може да го сервирате со прилог како ориз или компири.
Пријатен апетит!