Влезете и истражете го најголемиот музеј за вино во светот
“Сите ди Ван” или од француски преведено, “Градот на виното” e најголемиот музеј за вино во светот. Отворен за јавноста и сместен во Бордо, за сите љубители на виното, еве ја можноста за виртуелна прошетка низ него.
“Градот на виното”, кој се наоѓа во југозападна Франција, е најголемиот светски музеј посветен на престижните вина и изграден е така што целата градба асоцира на винарија и вински дизајн.
Еве како изгледа магичната градба од надвор, а ѕирнете и во нејзината извонредна внатрешност: