Во брак е 10 години: „Го изневерувам сопругот со помлад маж и не се чувствувам виновна“
Скоро цела една деценија е во брак со сопруг, кој таа не го забележува и така започнала да има љубовна афера со 19-годишно момче. И покрај тоа, жената не чувствува вина, а сега ги открива и нејзините причини.
„Двапати неделно јас го имам најдобриот с*кс во мојот живот, со еден прекрасен 19-годишен маж. Џејк за кого сум омажена веќе 10 години воопшто нема идеја дека јас имам љубовна афера, ниту пак планирам да му кажам. Јас и тој веќе одамна немаме никаква интимност.
Дури и кога се запознавме како помлади, меѓу нас постоеше некаква дистанца. Се зближивме малку кога тргнавме на факултет. Ние никогаш не сме имале често интимни односи, а кога имавме, секогаш тоа беше на моја иницијатива. Плачев секој пат и секогаш го прашуваш дали има некој проблем, што не е во ред, дали сака да му исполнам некоја неостварена фантазија, за да го возбудам.
Јас едноставно имав свои потреби и така стасав до неверството. Откако поминав една деценија со човек кој не беше заинтересиран за мене, возбудата беше преголема. Секогаш кога на сопругот му велев дека не знам како ќе опстои бракот без односи, тој велеше дека ќе размисли за тоа и набрзо ја менуваше темата. Заклучив дека воопшто не ме сфаќа сериозно. Во крајна цел, го натерав да отиде на лекар за да провери дали има некој проблем, а лекарот ни кажа дека Џејк има ниско ниво на тестостерон и затоа нема желба за интимни односи. Тогаш одлучив дека јас веќе не можам.
Не сакав врска за една ноќ, туку нов маж во својот живот со кого често ќе можам да бидам интимна.
Одеднаш се појави тој. Младо момче кое се вработи во мојата фирма. Слободен и совршен. Започнав врска со него. Започнав да го изневерувам својот сопруг. Кратко и јасно. Одредено време се чувствував ужасно. Првите две недели од неверството мислите во умот ми беа измешани.
Целиот тој однос, вклучувајќи го и интимниот со 19-годишен маж за мене беше нешто сосема непознато и чудно, но работите стануваа сè подобри. Во креветот тој е сè што мојот сопруг не е- се привлекуваме, се возбудуваме, задоволството е обострано.
А најдоброто од сè, е тоа што јас сега веќе не молам никого да ме погледне.Не го молам својот сопруг, како што тоа го правев последните 10 години. Дури не се ни чувствувам виновна. Изморена сум од комуникацијата со Џејк. За првпат се чувствувам навистина прекрасно.“