Во денови на криза еве како да подготвите домашна крема за лице и да се ослободите од брчките, без многу пари
Ноќната крема е едно од најмноќните средства за нега на лицето, која е одговорна за ефикасно обновување и правилно потхранување на неговата кожа. Но, сепак не треба да даваме премногу пари, кога постои и ова генијално решение.
Во повеќето случаи, ја плаќаме скапата амбалажа, отколку што составот е навистина ефикасен, а доколку и без тоа го претпочитате природниот начин за грижа на кожата, тогаш следниот рецепт е идеален за вас.
Домашна крема за беспрекорно лице против брчки
Потребни состојки
- 2 супени лажици сок или гел од алое вера
- 1 супена лажица зејтин
- 2 супени лажици млеко во прав
Начин на подготовка
Добро измешајте ги сите состојки заедно, а добиената смеса додадете ја во тегла и истата складирајте ја во ладилникот. Ова количество на состојки е доволно за добивање на смеса соодветна за мала тегла.
Истата ефикасно ќе ви помогне во борбата против несаканите и здодевни брчки и е особено одлична за ублажување на првите знаци на стареење. Кремата се смета за идеална за сите дами над 25 години.