„Во домот секогаш мириса на скап парфем, а тајната е во оваа состојка што ја додавам во водата“
Кофа чиста и топла вода некому е доволна за да го исчисти и измие подот, додека пак други додаваат и оцет. Но, денес ви откриваме како овој метод да го збогатите на чудесен начин и домот секогаш да мириса совршено.
Како ефикасно да го исчистите подот
Тајната лежи во додавањето на омекнувач за алишта во самата вода. За да го приготвите растворот, ќе ви биде потребна кофа со топла вода (2-2,5 л) и половина капаче омекнувач. Било каков омекнувач одговара, при што не е неопходно да купувате одреден производ.
Чудесниот домашен раствор не само што ефикасно ќе го исчисти валканиот под, туку истиот ќе заблеска, а како огромен плус, вашиот дом ќе мириса прекрасно во продолжение на неколку дена од чистењето.