Во едно мало периферно ресторанче пробавме ваква полнета пита. Го спремав дома – добив прекрасно јадење
Потребни производи:
4 тркалезни лебови
сварен пилешки бут или гради
2 глави кромид
1 лажичка брашно
6 лажици кисела павлака
50 грама рендан кашкавал
Начин на приготвување:
Исечете го кромидот на тенки полукругови и ставете на тивок оган во малку масло. Кога ќе омекне и ќе го намали обемот, ставете лажичка брашно, промешајте и тргнете го од огнот.
Пилешкото месо искинете го на мали парчиња.
Исечете го горниот дел од лебот, извадете го средниот дел, дебелината на ѕидовите да биде околу сантиметар.
Во лебот ставете го кромидот, пилешкото, зачинете по вкус, покријте со кисела павлака и измешајте внимателно.
На врвот посипете рендан кашкавал и печете во рерна додека не се стопи и зацрви.
Добар апетит!