На ова место коронавирусот никогаш нема да се појави
До денешниот датум нема регистирани случаи на коронавирус во само 16 држави ширум светот, доколку се согледаат статистички податоците, кои самите држави ги проследуваат.
А доколку постои едно место во кое коронавирусот никогаш нема да се појави, според експертите, тоа е Науру. На 12-ти јануари, речиси пред 3 месеци, коронавирусот беше ограничен само во Кина. Ниту еден случај не беше регистриран на другите страни во светот.
Малку подоцна, вирусот се претвори во глобална пандемија, откако се појавија и случаи во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а потоа и низ цел свет, а денес имаме речиси 3 милиони регистрирани случаи.
Како што расте бројот и капацитетот на болниците е веќе преполн, останува прашањето, дали постои место на светот каде го нема овој вирус?
Според универзитетот Џон Хопкинс, постојат 16 држави во кои не е регистиран ниту еден случај на Covid-19, а тоа се Коморските Острови, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу и Ванауту.
Според експертите, ова се должи на фактот што тоа се претежно држави со многу мал број на туристи кои инаку ги посетуваат и во епохата на социјално дистанцирање, кај нив ова е сосема природно правило.