Во татковината ја чекаат 148 камшикувања, а во Париз спие на улица- Неверојатната приказна за убавата Негзиа
Нејзината приказна навистина звучи неверојатно, но е не е бајка, туку сурова вистина.
29-годишната млада и убава жена, која го користи уметничкиот псевдоним Негзиа, е принудена да спие на улиците во Париз, борејќи се да го оствари својот сон да стане светски модел.
Во родниот Иран е прогонувана поради нејзините смели полуголи фотосесии. Затоа оваа млада жена храбро решила да го преземе својот живот во своите раце и да не се откаже од истиот, при што решила да побегне и својата среќа да ја побара во Европа.
Но, работите не се одвивале толку лесно, колку што самата таа очекувала, по пристигнувањето во Франција. Иако веќе подолго време престојува во модната метропола, нејзиниот живот е далеку од бајковит, бидејќи таа се здобила со статус на бегалец, иако вели дека тоа не ја предомислило ниту ги сменило нејзините размислувања.
„Иако досега сите биле фини со мене и ме поканувале да останам кај нив, но во моментот кога ќе одбијам да легнам со нив, веднаш ме исфрлале на улица. Еден дури ми предложи да станам проститутка, бидејќи сум имала вистински изглед за таа работа.“- раскажува Негзиа
Да се врати назад во родниот Техеран, за неа е незамисливо, бидејќи таму ја чека казна од 148 удари со камшик и најверојатно лишување од слобода, само поради тоа што се разголила пред објективот.
Првично, младата жена се обидела да остане во Истанбул, но таму општеството сè уште е поконзервативно и сите ја гледале чудно откако ја бојадисала својата коса во црвено. Во еден момент, токму поради бојата на косата таа била нападната од страна на друга жена.
Негзиа вели дека париските модни агенции секогаш се заинтересирани за неа, но веднаш откако ќе разберат дека таа има статус на бегалец, ги откажуваат договорите со неа и таа е принудена да спие на улиците, бидејќи подолго време не може да успее на модната сцена.
„Предлозите да станам проститутка или стриптизерка, не престануваат, а досега трипати ми кажале да се самоубијам, едноставно да се фрлам под некој воз.“- додава Негзиа.
На својот профил на социјалните мрежи, убавата жена има 130.000 следачи, за кои вели дека ја мотивираат да не се откажува од својот сон за манекенска кариера.
„Телото е мое, јас знам која сум и ќе правам со своето тело, што и да посакам. Се горедам со самата себе, бидејќи се борам за тоа, за кое сакам и не се продавам.“- за крај вели таа.
По пишувањата на француските медиуми, една мала модна агенција е заинтересирана да соработува со Негзиа, и покрај нејзиниот бегалски статус.