Компирите се едни од најомилените зеленчуци на речиси сите луѓе- Од нив се прават највкусните јадења, во било која форма како пржени, печени, варени, во форма на пире итн.

Вкусниот и хранлив зеленчук е донесен во Русија по заповед на кралот Петар Велики, кон крајот на 17-от век. Набрзо потоа, зеленчукот станал најкористената и најомилена состојка во кујната. Кралските готвачи не само што го додавале во секакви јадења и деликатеси, туку од компирот приготвувале и сок, дури и желе.

Истовремено, подеднакво важна била и водата во која биле варени токму компирите. Руските готвачи и лекари никогаш не ја фрлале, туку ја користеле како моќен лек против многу заболувања, меѓу кои и настинките.

Моќта на водата од компирите ја потврдува и современата наука. Научниците од Институтот за храна во Германија, сметаат дека оваа вода е вистински универзален лек.

Растворот од компири т.е водата во која биле варени истите помага во ефикасно отстранување на токсините од телото, притоа прочистување на цревата, ублажување на симптомите на артритис, го нормализира крвниот притисок, а кога се соочувате со настинка, се препорачува да се инахлира оваа чудесна вода.

Начин на подготовка

За да се зачуваат сите корисни својства на уникатниот лек, тој треба да биде правилно приготвен. Не е задолжително компирите да ги лупите претходно, бидејќи самата нивна лушпа содржи 50% од истото количество на вредни витамини како и внатрешноста на компирите.

Потребно е компирите да бидат добро измиени и да бидат потопени во топла вода.

Важно

Водата од компирите не се препорачува да ја консумираат луѓе кои страдаат од дијабетес, низок крвен притисок и алергии.