Водич од 3 чекори како да го изберете совршениот душек, кој ќе ви овозможи вистински квалитетен сон
Совршениот душек треба да биде многу повеќе од удобен, тој треба да ви овозможи целосна поткрепа на вашето тело, дозволувајќи ви да дишете правилно и лесно додека спиете.
Добриот сон е од исклучително големо значење за нашето здравје, бидејќи во спротивно, лошиот и неквалитетен доведува до стрес, зголемување на телесната тежина и генерирање на кортизол.
За денес ви откриваме како да го изберете идеалниот душек, благодарение на кој ќе имате вистински квалитетен сон:
1. Мек наспроти тврд душек
Бројни истражувања го определуваат средно тврдиот душек како најдобрата комбинација за совршен сон. Земајќи го во предвид фактот дека во текот на ноќта постојано несвесно се придвижуваме, истото спиењето го прави активен метаболички процес. Средно тврдиот душек му овозможува идеална поддршка на грбот, го спречува згрутчувањето на крвта и ви овозможува полесно и правило дишење.
2. Големината е исто така од значење
Спиете како морска ѕвезда? Тогаш со сигурност имате потреба од поголем простор, за да се придвижувате во текот на ноќта, особено доколку креветот го делите со вашиот партнер. Недостатокот од удобност и простор лесно доведуваат до нарушување на сонот, при што со сигурност ви е потребен душек кој е доволно голем за двајца. За да проверите која големина е идеална за вас, легнете на душекот и поставете ги рацете под вашата глава, протегнувајќи ги лактите на различните страни.
3. Мемори пена
Мемори пената е популарен избор на душек поради долготрајноста и издржливоста. Покрај тоа што ја здржува топлината, ја дава и можноста душекот да се оформи според формата на вашето тело, без да ве попречуваат движењата во текот на ноќта на вашиот партнер.