Меган Маркл е една од оние славни дами, кои неизбежно секогаш се криткувани, без разлика што и да облечат. Особено по нејзиното породување, не изостанаа злобните коментари на сметка на нејзината фигура.

Честите и непријатни критики одеа до таму што Меган неретко беше споредувана со Кејт Мидлтон, која секогаш за многу краток временски период по раѓањето на нејзините деца, изгледаше витко.

Но, војвотката од Сасекс успеа да докаже, макар и бавно, дека може да ја врати својата стара форма, како кога беше Холивудска актерка.

На еден настан во Виндзор, Меган се појави во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Хари и повторно ја истакна својата фигура, облечена во гламурозно модно издание кое зрачеше со нејзиниот препознатлив стил.

Иако овој пат во црвена боја, модната комбинација на војвотката наликуваше на едно нејзино претходно вакво издание: