Волшебна домашна крема за ефикасно отстранување на стрии и целулит
Не постои подобра козметика од онаа која е направена од целосен природен состав, а нашата кожа го заслужува токму најдоброто. Покрај многуте рецепти, денес ви откриваме уште еден со неверојатен ефект.
Станува збор за домашна крема, благодарение на која ефикасно и лесно ќе се ослободите од несаканите стрии и здодевниот целулит.
Домашна крема против стрии и целулит
Потребни состојки
- Какаово масло
- Зејтин
- Мед
- Масло од лаванда
Количеството на состојките изберете го согласно со вашите потреби, односно онолку колку сметате дека ви е потребно.
Начин на подготовка и употреба
Растопете го какаовото масло на водена пареа и додадете го зејтинот, во речиси еднакви количества. Следно, додадете 1 кафена лажица мед и неколку капки од маслото од лаванда. Тоа е сè! Кремата е готова! Истата складирајте ја во соодветна тегла.
Секое утро и навечер нанесувајте од кремата врз потребните зони од кожата. Истата ќе придонесе за совршено хидратирање на кожата на лицето, рацете и целото тело.
Зошто оваа крема е ефикасна?
- Какаовото масло е природен антиоксидант, кој активно делува во лекувањето на стрии и целулит и го враќа природниот сјај на кожата, притоа измазнувајќи ги брчките.
- Зејтинот се смета за волшебно средство на природата, кое има моќ да ја регенерира кожата.
- Медот се користи за отстранување на белези.
- Маслото од лаванда извонредно ја храни кожата и ја стимулира регенерацијата на клетките.