„Волуменот на вашата коса ќе стане двојно поголем – Јас веќе не користам никакви скапи шампони, туку оваа едноставна состојка“
Квасецот има богат минерален и витамински состав, благодарение на кој маслата создадени од истиот се неверојатно корисни за нашата коса. Маските од квасец одговараат на секој тип на коса.
Маска од квасец за совршена и волуменозна коса
За да го направите третманот, земете пообемен сад, бидејќи како што е познато, квасецот за време на ферментација го зголемува својот обем.
Потребни состојки
- 1 супена лажица квасец
- 1 супена лажица вода
- 1 супена лажица шеќер
- 1 супена лажица мед
- 2 супени лажици сенф во прав
Начин на подготовка и употреба
Растопете го квасецот во топла вода, за да го забрзате неговиот процес на ферментација, а потоа додадете го и шеќерот. Веднаш откако ќе ферментира, измешајте го квасецот со сенфот и медот.
Нанесете ја добиената маска врз скалпот и корените на косата. Следно, завиткајте ја косата во пластична ќеса и завиткајте ја главата во крпа.
По 1 час, потребно е маската да се измие, а потоа да употребите вообичаен шампон. Ќе добиете впечаток дека волуменот на вашата коса е двојно поголем!