Восок + зејтин: Моќна комбинација која ги измазнува и најтврдите пети – Кадифено меки за брзо време
Во текот на зимата најчесто ги занемаруваме нашите стапала, особено петите. Но, испуканите пети не се само естетски проблем кој може да го сокриваме со чорапи, туку истите може да предизвикаат и здравствен проблем.
Испуканите пети кои се манифестираат и со здебелена и прекумерено сува кожа можат лесно да предизвикаат голема неудобност при одењето. Денес ви откриваме како во домашни услови, на лесен природен начин, брзо да го елиминирате овој проблем и вашите пети повторно да бидат кадифено меки.
Прв чекор: Топло прочистување
Потребни состојки
- Топла вода
- 2 супени лажици сода бикарбона
- 2 супени лажици морска сол
- Пемза
Начин на подготовка и употреба
Исипете 2-3 литри топла вода со соодветен сад, а потоа додадете ги солта и содата и добро измешајте. Потопете ги стапалата во купката и оставете ги состојките да дејствуваат 15 минути. На крај исушете ги стапалата и добро истријте ги со пемза.
Втор чекор: Навлажнувачка домашна крема
Потребни состојки
- Восок (Свеќа)
- Зејтин или кокосово масло
Начин на подготовка и употреба
Додадете 2 кафени лажици зејтин или кокосово масло, заедно со восок во соодветен сад и истиот поставете го друг сад со топла вода. Мешајте, додека состојките да се растопат добро. Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа нанесете малку од истата врз кожата на стапалата. Се препорачува кремата да се употребува секоја вечер пред спиење, на чиста кожа.