Вознемирувачка вистина за бракот на Џенет Џексон и катарскиот бизнисмен
Фотографиите на кои се гледа како Џенет Џексон е облечена од глава до пети во црна облека, пончо со качулка и широки палнталони, се далеку од она по што беше таа препознатлива. За разлика од тоа како ја памти јавноста, по настапи во високи чизми, кратки здолништа и тесни маички.
Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висан Ал Мана се запознаа во 2010 година на отворање на нов хотел во Дубаи. Висан Ал Мана, инаку наследник на семеен бизнис во модната индустрија, e познат по неговите религиозни принципи. Тој ретко излегува во јавност, своето слободно време го поминува читајќи и истражувајќи антиквитети. За разлика од него, Џенет имa славно минато, како пејачка и јавна личност. Спојот на две различни култури на живеење доведе таа да се повлече од сцената и да се посвети на семејниот живот како сопруга и мајка. Џенет има два неуспешни бракови, од кои еден со пејачот Џејмс Де Барге, кој траеше само 3 месеци и вториот брак со телевизискиот директор Рене Елизондо кој заврши во 2000 година.
Тие стапија во брак во 2012 година во интимна церемонија бо Дубаи, иако таа сонуваше за раскошна свадба со голем број гости. Тогаш се шпекулираше дека таа ја прифатила и муслиманската вера. Во 2014 година на националната турнеја Џенет беше во негово присуство, облечена во класична црна гардероба, со долги ракави и ногавици. Следната година, таа ги промени своите навики во однос на текстовите кои ги пее, па ги повлече сите вулгарни зборови во албумот наречен „ Нераскинлива”. Во 2016 година таа ја откажа европската турнеја и се повлече од сцената.
Во моментов Џенет е бремена со нивното второ дете, по синот Еиса роден на 3 јануари минатата година. Тие се посветени родители, иако за синот Еиса малку се знае во јавноста. Таа е една од најстарите јавни личности кои станале мајки во 50-те години, иако долго време кружеа гласини како таа требало да се погрижи за своето потомство. Џенет зад себе има два неуспешни бракови, од кои еден со пејачот Џејмс Де Барге, кој траеше само 3 месеци и вториот брак со телевизискиот директор Рене Елизондо кој заврши во 2000 година. Овој брак, како што нејзините фанови се надеваат, нема да заврши неславно како претходните.