Враснатиот нокт е болест, а не естетски проблем- Еве сè што треба да знаеме и како да се справиме со истиот
Дури и ако досега не сте се соочиле со овој проблем, потребно е да знаете дека неправилната грижа на стапалата и многу други фактори можат многу лесно да доведат до оваа неудобна и несакана појава.
Враснатиот нокт е болест
Речиси секој човек искусува болка и отекување на стапалата, по носењето на тесни обувки.
Доколку враснатиот нокт не биде отстранет навремено, тогаш тој започнува да се собира и да формира гној, кој може да биде проследен и со крв. Невозможно е да го решите овој проблем самостојно. Дури и да го исечете ноктот многу подлабоко, ситуацијата нема да се подобри, туку сосема спротивно, ќе се влоши.
Причини за појава на враснат нокт
1. Неправилно сечење
Првата причина за оваа несакана појава е тоа што најверојатно не ги сечете вашите нокти на правилен начин. Не заборавајте дека работ на ноктот треба да биде истакнат најмалку 1 милиметар.
2. Тесни обувки
Кога пречесто носите тесни обувки, плочите на ноктите се деформираат, при што нивните краеви се поврзуваат со кожата и започнуваат да растат неправилно.
3. Габички
Ова заболување ги изобличува ноктите и го поттикнува нивното враснување.
Дали е возможно сами да го отстраниме враснатиот нокт
Доколку се обидете сами да го направите тоа, тогаш го зголемувате ризикот да добиете инфекција. Може исто така да предизвикате гнојно воспаление, кое не се лекува толку лесно. Затоа во ниту еден случај не се обидувајте сами да го решите овој проблем и направете консултација со специјалист.
Превентивни мерки за спречување на појавата на враснати нокти
- Заштитете ги вашите прсти на стапалата од удари. Доколку се случи повреда, тогаш направете лекарски преглед.
- Секогаш купувајте обувки со соодветна глемина за вашите стапала. Не носете претесни обувки.
- Доколку имате рамни стапала, купете соодветни ортопедски влошки за вашите чевли.
- Никогаш не носете туѓи обувки, бидејќи истите лесно може да ве заразат со габички.
- Не ги сечете краевите на ноктите премногу кратко.