Време е да си соберете глуварчиња! Толку се корисни што нема како да ги игнорирате – Јас си направи и сок
Глуварчето е богато со витамин А , витамин Ц, железо, калциум и е составен дел од многу лекови.
Ова се придобивките за здравјето од глуварчето:
Ги зацврстува коските: глуварчето е богато со калциум, што е од суштинско значење за растот и цврстината на коските, исто така богато е со антиоксиданси како витамин Ц и лутеолин кои штитат од оштетување на коските поврзани со возраста.
Помага при болести на црниот дроб: Со своите расположливи антиоксиданси како витамин Ц и лутеолин, глуварчето му помага на црниот дроб да функционира со оптимална брзина и го штити од стареење.
Помага при дијабетес: сокот од глуварче може да помогне на пациентите со дијабетес, така што го стимулира производството на инсулин од панкреасот, на тој начин го одржува ниско нивото на шеќерот во крвта. Бидејќи глуварче е диуретик, тоа го зголемува мокрењето кај пациентите со дијабетес, при што помага за отстранување на вишокот шеќер од телото. Покрај тоа, сокот му е со малку горчлив вкус, кој ефикасно го намалува нивото на шеќерот во крвта, како што го прават сите горчливи материи.
Идеален е за уринарниот тракт: глуварчињата се многу диуретични, така што тие помагаат за отстранување на токсичните материи во бубрезите и уринарниот тракт. Глуварчето го спречува растот на бактерии во уринарниот систем.
Проблеми со кожата: млекото од глуварче е корисно при лекување на кожни болести кои се предизвикани од микробиолошки и габични инфекции. Овој третман се должи на фактот дека растението има алкален карактер. Овој сок може да се користи при чешање, егзема и други кожни болести, без ризик од несакани ефекти или нарушувања на хормоните.
Aкни: истиот сок е добар за детоксикација, стимуланс и антиоксиданс. Акни обично се јавуваат за време на тинејџерските години, кога телото е со многу физиолошки и хормонални промени.