Втор раскош: Меган и Хари ќе прават нова свадба преку океанот, а еве ја и причината
Втора свадба на американско тло е најновиот план на светската двојка, принцот Хари и Меган Маркл. Двајцата продолжуваат да приредуваат изненадување по изненадување, откако пред неколку месеци ја донесоа конечната одлука.
Односно, откако младиот пар одлучи официјално да се откаже од нивните кралски должности, ја напушти Велика Британија и се пресели во САД, каде сега двојката одлучи да направи и втора свадба. Причината за тоа лежи токму во шансата на принцот Хари да добие официјална можност за работа.
Со правењето на втора свадба, принцот Хари ќе добие американско државјанство и ќе може законски да започне да работи или пак да создаде сопствен бизнис. Свадбата се предвидува да биде направена, по завршувањето на карантинот, според американското законодавство. Романтичната церемонија ќе се одржи на океански брег, во шатори, што е класична американска традиција.
За втората свадба, Меган и Хари, според блиските извори, веќе испланирале да поканат дел од нивните најблиски роднини и пријатели, меѓу кои и Елтон Џон, Опра Винфри, Џенифер Лопез, Анџелина Џоли, Серена Вилијамс, Џорџ Клуни, Џеј Зи и Бијонсе.
Во САД, принцот Хари планира да создаде финансиски фонд, да регистриа сопствен бренд и да издаде своја книга. Меган пак, планира да се врати на актерските води, соработувајќи со Дизни. Покрај тоа, поранешната војвотка сака да објави и мемоари, во кои планира да ги опише потешкоиите и проблемите со кои се соочила додека била дел од кралското семејство.