За 10 минути се чисти целата маснотија и се добива блескав изглед- Мешаш, нанесуваш, чекаш и тенџерето е како ново!
Најверојатно и вие досега сте се обиделе безуспешно да го исчистите дното на вашето омилено тенџере, но тоа речиси никогаш не го добивал блескавиот изглед, како кога сте го купиле.
Дури и со најсилните средства за чистење, тешко е да се постигнат беспрекорни резултати.
Затоа денес решивме да ви покажеме еден многу лесен метод за ефикасно чистење на старите тенџериња, кој е неверојатно брз и ефикасен, а целата процедура ќе ви одземе само 10 минути.
За чистење и на највалканото дно, ќе ви помогне следното лесно домашно средство
Потребни состојки
- Половина шолја сода бикарбона
- 1 кафена лажица средство за миење на садови
- 2 супени лажици кислородна вода
Како се подготвува
Измешајте ги трите состојки, додека не добиете соединета смеса, со текстура како на шлаг пена (доколку е неопходно, додадете повеќе кислородна вода). Добиената смеса нанесете ја на валканата површина и оставете ја да отстои 10 минути.
Потоа само избришајте ја површината и исплакнете со големо количество на вода. Целиот масен слој ќе исчезне и сјајот ќе се врати на сцена!