„За 3 дена режим, омилениот фустан повторно ми беше точен – Воедно целосно го прочистив организамот“
Три дена во неделата на режим се одлична превенција против вишокот килограми и прекумерената тежина. Покрај тоа, ова позитивно ќе влијае врз работата на целиот дигестивен тракт и ќе ја подобри состојбата на кожата.
Ефикасноста на 3-дневниот режим се објаснува преку практикувањето на 2-те популарни монодиети: Протеинска и јаглехидратна. Меѓу друго, водечките нутриционисти на сите им препорачуваат да се придржуваат кон овој план.
Краткорочната програма ќе ви помогне да загубите 2-3 килограми и да ја подготвите вашата фигура за некој важен настан во блиска иднина.
Прв ден
Сварете или испечете пилешко месо, како и да го претпочитате приготвено. Одделете го месото од кожата и коските и поделете го на 6 дела и така консумирајте го во текот на денот.
Оптималното количество на вода кое треба да го консумирате е 2 литри. Телото значително ќе согори калории со ваквиот протеински режим. Токму затоа многу лесно уште првиот ден ќе изгубите околу 800 грама од вашата тежина.
Втор ден
Подгответе си прочистувачка салата. Излупете и изрендајте: Половина килограм свежи цвекло, целер и моркови. Зачинете ги со сок од лимон и вкусната салата консумирајте ја во текот на целиот ден. Не заборавајте да испиете 2 литри вода.
Суровите зеленчуци се богати со хранливи влакна, кои совршено ќе ги исчистат ѕидовите на цревата од наталожените токсини. Овој ден ќе изгубите уште 1 килограм.
Трет ден
Подгответе прочистувачки раствор. За оваа цел ќе ви бидат потребни 5 грејпфрути, 10 шолји зелен чај и 2 литри вода. Сето ова треба да се консумира во текот на денот, во следниот редослед:
- Во 8:30 часот да изедете половина грејпфрут и да испите шолја зелен чај
- Во 9:30 часот да испиете чаша вода
- Во 10:30 часот – повторно грејпфрут и да пиете чај и така до крајот на денот.
Горчеливиот вкус на грејпфрутот и зелениот чај значително ќе го намалат вашето чувство на глад и ќе го обноват вашиот метаболизам, благодарение на нивните чудесни својства. Вака, на третиот ден ќе изгубите дополнителен 1 килограм.
По 3-дневниот режим неопходно е да се направи пауза од 3-4 недели.