За 5 дена до сјајна и блескава насмевка- Нанесуваш, триеш и исплакнуваш: За заби бели како снег
Постојат многу фактори кои негативно може да се одразат и да ја намалат блескавоста на нашата насмевка, односно кои ја нарушуваат белата боја на забите, како што е прекумерената консумација на кафе, црн чај, лоша орална хигиена и слично.
Токму за оваа цел, денес ви откриваме, како брзо, лесно и на природен начин да му ставите крај на овој здодевен проблем.
Домашна смеса за блескаво бели и здрави заби
Потребни состојки
- ¼ кафена лажица сол
- 2 кафени лажици кокосово масло (како алтернатива може и бадемово или маслиново)
Начин на употреба
Измешајте ги состојките заедно и добро нанесете ја добиената смеса врз целата површина на забите. Со кружни движења, направете масажа 1-2 минути.
Повторувајте го третманот секој ден и по 5 дена, ќе ги забележите посакуваните резултати.