Можеби сте уморни од читање совети за слабеење и брзо губење на вишокот килограми. Оваа диета не е една од нив,  напротив служи како начин на исхрана кој можете да го практикувате само 1 недела во месецот.  Не само што помага да се намалат вишокот килограми, туку го ослободува телото од токсините и штетните материи.

Главна состојка во оброците е краставицата, која е богата со хранливи материи како: калциум, цинк, магнезиум и влакна, но и витамини: Бе, Це и Е. Во исто време природно средство за детоксикација.

Таа помага за прочистување на дигестивниот тракт, за забрзување на метаболизмот и за отстранување на вишокот вода во организмот.

 

Ова е распоредот на диетата:

  • Појадок: чинија салата од краставици и две варени јајца;
  • Ужинка: едно овошје, јаболко, праска или слива;
  • Ручек: чинија салата од краставици и тост;
  • Ужина: шејк од краставица;
  • Вечера: 300 гр. овошје;

Салатата од краставици треба да изгледа вака:

  • 400 гр. краставиц;
  • 200 мл. јогурт;
  • половина главица кромид;

Шејк од краставици се подготвува на следниов начин:

Една краставица, едно јаболко и грст спанаќ се блендира и се конзумира веднаш.