За 76 години, таа роди 69 деца: Приказната за најмногудетната мајка на сите времиња
Оваа приказна звучи толку неверојатно, што дури на луѓето понекогаш им е тешко да поверуваат дека истата навистина се случила.
Сите ние денес познаваме многудетни мајки на 5, 6, 7, па дури и на 10 деца, но сопругата на рускиот селанин Федор Василев, Валентина ги руши сите рекорди кога станува збор за број на деца. Во текот на целиот нејзин живот (76 години), таа родила 69 деца.
Валентина била мајка на:
- 16 пара на близнаци (16 х 2 = 32)
- 7 тројки (7 х 3 = 21)
- 4 четворки (4 х 4 = 16)
Општо пресметано, таа имала 27 породувања, при што родила 69 деца во периодот меѓу 1725-та и 1765-та година.
Валентина го држи своето место во Гинисовата книга на рекорди и притоа е прогласена за најплодна жена на светот. Не помалку интересен факт е дека нејзиниот сопруг Федор, имал уште повеќе деца, односно тој бил татко на вкупно 87 деца.
Како било возможно Валентина да роди толку многу деца?
Иако за жал нема точни докази за оваа неверојатна приказна, освен оваа фотографија која кружи низ цел Интернет, сепак според експертите, тоа што Валентина родила толку многу деца може да значи дека имала генетска предиспозиција за хиперовулација, состојба што ја зголемува можност за раѓање на близнаци, тројки, четворки итн.