За дизајнот на знамето на САД ќе добиете 4ка: Интересни факти за сите држави во Северна Америка
Економската суперсила Северна Америка вклучува само три земји, но зафаќа поголем дел од континентот и затоа се смета како еден од осумте региони. Бидејќи се протега од Арктикот до тропските предели, Северна Америка ги вклучува скоро сите главни биоми на климата.
Соединети Американски Држави
Население: 329,1 милиони
Ѕвездите и лентите го сочинуваат едно од најпрепознатливите знамиња на која било земја во светот, но дали знаевте дека модерната верзијата што содржи 50 ѕвезди е дизајнирана за училишен проект од еден средношколец во 1958 година? Кој очекуваше додавање на Алјаска и Хаваи една година подоцна?
Неверојатно, неимпресионираниот учител момчето го оценило со 4-.
Мексико
Население: 127,6 милиони
Оваа северноамериканска земја е дом на многу пирамиди изградени од Маите и други антички цивилизации, но можеби нејзината најмалку позната триаголна структура е всушност најголемата во светот.
За Ацтеките се верува дека ја изградиле Големата пирамида во Чолула пред околу 2.000 години, а нејзината база е четири пати поголема од Големата пирамида во Гиза. Денес, за жал, Чолулата е прекриена со нечистотија и растенија.
Канада
Население: 37,4 милиони
49-та паралела ја означува границата меѓу Канада и Соединетите држави. Со своите 8891 km, таа е најдолгата незаштитена граница во светот.
Гренланд
Население:56,225
Најпрво да напоменеме дека Гренланд е автономна територија на Данска, а не независна земја, но сметаме дека заслужува место на оваа листа.
И покрај големината на земјиштето од 2,16 милиони квадратни километри, нема патишта или железнички систем што ги поврзува населбите едни со други. Има патишта во градовите, но тие завршуваат на периферијата. Сите патувања помеѓу градовите се одвиваат со авион, брод, хеликоптер, моторна санка или кучиња. Чамците се убедливо најпопуларниот начин за превоз и секое лето честопати може да видите како локалните жители крстарат по фјордовите.