Бананите се едни од најкорисните храни и добро е секојдневно да ги консумираме, за да го задржиме доброто здравје. Тие не само што нѐ одржуваат во добра форма, туку може да бидат од помош при одредени здравствени состојби.

Кога ни недостасува енергија, добро е во менито да ги вклучиме овие плодови. Погледнете за што друго помагаат бананите.

Хипертензија

Бананата е најдобар извор на калиум меѓу плодовите. Калиумот е основен минерал за одржување на нормален крвен притисок, здравјето на срцето и цврстината на коските. Банана содржи 450 мг калиум, четири пати повеќе отколку што има во житарките, во лебот и друго. Консумирање на две банани на ден ќе придонесе за спречување на хипертензија, атеросклероза и остеопороза. Бананите исто така го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Дијареја

Кога страдаме од дијареја треба да знаеме која храна може да ни помогне. Бананите се една од нив. Тие содржат пробиотски влакна кои го фаворизираат варењето. Ова помага да се справиме со дијарејата која е резултат на инфекција во цревата, да се зајакне имунолошкиот систем, штити од рак на дебелото црево и друго. Пробиотските влакна исто така придонесуваат за зголемената апсорпција на минерали од цревата, реагираат позитивно на апсорпцијата на холестеролот и балансирањето на нивото на шеќерот.

Стрес

Кога се наоѓате во ситуација на стрес, каснете банана. Бананата се смета за најдобар антистрес плод. Тој ги содржи потребните витамини и минерали, кои влијаат на метаболизмот, кој исто така е поврзан со нивото на стрес во телото.

Запек и подуеност

Бананите содржат супстанција наречена пектин, кој е одговорен за отстранување на тешки метали и други токсини од телото. Влакната во плодот го стимулираат дигестивниот процес. Како резултат на тоа се намалува ризикот од подуеност, запек и делуваат како лаксатив кај пациенти кои имаат проблем.

ПМС – предменструален синдром

Бананите содржат витамин Б6, кој има позитивен ефект врз нивото на шеќерот во крвта и помага за намалување на нерасположението поврзано со ПМС. Овој витамин помага да се намали отокот на стомакот, промените во расположението.

Депресија

Бананите содржат триптофан кој помага да се зголеми производството на хормонот серотонин. Затоа, кога се чувствувате малодушни, јадете банани.