Месец Март се смета за месец на жените, при што токму како дамите, ни доаѓа полн со изненадувања. Освен променливото време, оваа година, Март крие многу љубовни успеси, особено за овие 3 хороскопски знаци.

1. Овен

Вие сакате да одморите малку од љубовта и од сите чувства и емоции, но ова нема да се случи во текот на Март. Всушност, на хоризонтот ќе се појави некој, на кој претходно не сте му дале шанса, но сега изгледа нештата се промениле и можеби ќе го видите во друго светло, а токму таа личност потполно ќе ве освои.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Вага

Месец Март ќе биде и повеќе од возбудлив за вас на љубовното поле. Ве очекува нова средба со личност која ја познавате од порано, а која ќе активира неочекувани искри кај вас и нештата ќе прераснат во многу повеќе од само обичен флерт.

3. Риби

Ќе се чувствувате посакувани и атрактивни како никогаш досега. Има нешто во воздухот околу вас, со што ќе ги привлекувате останатите како магнет, а од искрите со една личност, ќе се роди прекрасен романтичен пожар кој ќе прерасне во сериозна врска.