Кога ќе помислите на Девиците, првото нешто што веројатно ви паѓа на памет е нивната постојана потреба од критика, студен изглед и воздржаност. Сепак, не е сè толку црно како што изгледа.

Иако оставаат впечаток на ладни и луѓе што премногу бараат, кај Девиците секогаш преовладуваат нивните квалитети на крајот. Тие се многу прецизни, способни за сите форми на комуникација и се родени перфекционисти.

Нивната најголема доблест е хуманоста и се чувствуваат најдобро кога се опкружени со нивните најблиски, како и со животни.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Во потрагата за партнер, тие бараат некој по нивен пример. За нив е многу важно да најдат личност слична на самите себе, подеднакво амбициозна, упорна и најважно – уредна. Девицата не може да поднесе неред и ако забележат дека сте неуредни, тие ќе ве критикуваат сè додека не се промените, и ако не го сторите тоа, лесно ќе ве заменат.

Мислењето на другите луѓе е многу важно за Девиците, па затоа честопати се повлекуваат доколку искусат јавно критикување. Нивната најлоша страна се гледа во нивните неуспешни љубовни врски, затоа многумина често ги дефинираат како ладни, критични и недостапни луѓе, што не е случај во секојдневниот живот.