За овој трик не ви е потребен фен, ниту фигаро, а локните ќе изгледаат како од фризерски салон
Популарната блогерка Џастин ни открива како со помош на хулахопки може да направиме фантастични локни со кои ќе изгледаме како да сме го посетиле фризерскиот салон. Покрај со хулахопки, на некои трикот им успева и со ременот од бањарки.
Се што е потребно да направите е да ги заврзете хулахопките околу главата, а потоа со истите да сплетете плетенки, а потоа така да ја оставите косата да отстои вака направена во текот на целата ноќ. Следното утро само отстранете го материјалот и совршените локни ќе бидат готови!
За подетално како тоа да го направите, погледнете го следното видео:
https://www.instagram.com/p/B-sextGBi41/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again