За првпат во историјата, жена застана на чело на Националната кошаркарска асоцијација
Статистиките покажуваат дека во повеќето компании во светот, директорските позиции сè уште ги заземаат поголем број на мажи, но на едно директорско место, играта се променила!
Запознајте ја Синтија Маршал, првата жена- директорка на Националната кошаркарска асоцијација (анг. NBA). Синтија, не само што е првата жена, туку таа воедно е и првата црнкиња која ќе раководи со оваа позиција.
Маршал влезе во историјата, а со тоа направи и драстични промени во самата Асоцијација, на која претходно имиџот беше загрозен во јавноста, поради разните обвиненија за сексуални малтретирања во рамките на истата, во време кога на директорското место стоеше Тердема Усери, кој си даде оставка.
Во неодамнешно интервју, прашана како се чувствува за своето ново работно место, Синтија изјави:
„Најпрво не ми се веруваше. На чело на НКА застанав во 2018-та година, а во таа година сè ми се чинеше и сè уште мислам дека сè е возможно.“
Истовремено Синтија открива дека таа била и првата жена која се вклучила во организацијата на кошаркарскиот тим Маверикс од Тексас и тогаш всушност увидела дека организацијата е непријателски настроена кон жените, но и кон луѓето од друга раса.
Но, бидејќи била одлучна тоа да го смени, набрзо направила промени, при што бројот на вклучени жени и жени-црнкињи во организацијата, отскокнал нагоре за неверојатни 50%.
„Разноликост е да те поканат на забавата, а инклузија е да те поканат да танцуваш. Можете да седите на масата, но ако луѓето не ве вклучуваат во разговорот, тогаш ништо не сте направиле.“- вели Синтија, која воедно има диплома од престжнииот Беркли универзитет.
Синтија е горда на тоа што полека ја менува историјата на својата раса и тоа што ги мотивира останатите да бидат успешни.