За само 70 денари, оваа мајка си направи фустан, а резултатите се и повеќе од гламурозни
Дека креативноста не познава никакви граници, е токму оваа креативна мајка, која воодушеви со своето ремек-дело, за кое притоа одвои смешна сума.
38-годишната Лиса Барнс, од Њукасл, додека еден ден разговарала со својата пријателка Мишел Кокс, пријателката се пошегувала дека Лиса би изгледала совршено што и да облече, па дури и обична ќеса за отпад.
Креативната мајк го прифатила малиот моден предизвик и решила по повод забавата на Мишел, да ја изненади својата пријателка и за да ја види нејзината реакција, така што навистина облекла ќеса за отпад.
„Знаев дека подготвила некакво изненадување, но кога ја видов, не можев да поверувам. Изгледаше како од модна писта“- вели Мишел.
Лиса, една обична ќеса за отпад успеала да ја трансформира во извонреден гламурозен фустан, совршен за секоја елегантна пригода.
„Реакцијата на мојата пријателка беше бесценета. Не можеше да поверува. Иако го прифатив предизвикот, сепак не останав долго во дизајнот, бидејќи времето беше претопло и материјалот започна да се лепи на мојата кожа, но сепак бев пресреќна што успеав да ја остварам својата идеја“- вели Лиса.