За што помага лимоновата вода?
Ако сакате да бидете доволно хидрирани, а не сте љубител на обичната вода без разлика дали е од чешма или од најблискиот минерален извор, веќе има алтернатива и на тоа. Водата, зачинета со лимон, нуди илјадници добри аргументи за исхрана. Освен што е вкусна, поздрава е и нема никакви калории.
Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем
Калиумот во сок од лимон го контролира крвниот притисок, го стимулира мозокот и функцијата на нервите, а витаминот Ц се бори со настинките. При првите знаци на настинка, измешајте во топла вода сок од лимон и мед.
Губење на тежината и повеќе енергија
Пиењето вода зачинета со лимон го зајакнува метаболизмот, се бори со жедта и го намалува гладот. Ако пак не сте обожаватели на кафето, тогаш топла вода со лимон ќе заврши прекрасна работа за Вашиот тонус.
Лек против мамурливост
Ако страдате од мамурлак, чаша со млака вода и лимон ќе Ви ја врати трезната глава назад. Истиот пијалак прави чуда за стомакот, кој исто така е погоден од синоќешното пиење. Лимоновата вода делува антисептично и врши детоксикација на Вашето тело.
Помага при проблеми со дишењето
Ако страдате од астма и воспаление на дишните патишта, овој пијалак е Вашиот лек. Антибактериските својства помагаат да се ослободите од инфекциите во градниот кош и ја ублажува кашлицата. Освен тоа е природен лек против алергии.