За забрзување на метаболизамот и брзо слабеење, потребно е да го следиме овој дневен режим за пиење вода
Сите ние знаеме дека од голема важност е да го запазиме правилниот начин на исхрана со редовното практикување на појадок, ручек и вчера.
Исто така, секој од нас знае колку е важно да консумираме доволно количество течности дневно за да го одржиме водениот баланс во телото. Но, малкумина всушност знаат дека важно е и времето т.е часот во кој ќе ја практикуваме оваа навика.
Организација на режим за консумирање вода во текот на денот
Чувството дека ви е лошо, имате главоболки и заморот често знаат да бидат резултат на дехидрираност на телото. Просечното и доволно количество кое му се препорачува дневно на човекот за консумирање е 1.5 литри вода.
Ова препорачано количество може да варира во зависност од климата и вклучените други течности во исхраната како соковите, компотите и слично.
Организацијата на режимот за пиење вода е клучен доколку сакате да ослабнете. Истиот ќе ви помогне да го обновите и забрзате вашиот метаболизам, што ќе придонесе резултатите побрзо да бидат видливи.
08:00 часот
Две чаши топла вода со лимон, на празен стомак. Овој напиток ќе му помогне на организамот полесно да се разбуди и ќе го активира дигестивниот систем да си ја врши својата функција, формирајќи соодветна средина за новиот појадок. По 20 минути, може да консумирате храна.
11:00 часот
Чаша вода со собна температура. Пиењето вода во ова време од денот ќе ви помогне да го намалите апетитот. 20 минути подоцна може да започнете со лесна ужина. Така за време на ручекот нема да се чувствувате гладни и ефикасно ќе го спречите прејадувањето, кое инаку би ви штетело доколку се обидувате да ослабнете.
13:00 часот
Чаша вода со собна температура и малку ѓумбир, 30 минути пред ручекот и половина чаша топла вода за време на ручекот. Иако повеќето нутриционисти не препорачуваат да се пие вода за време на ручекот, други веруваат дека малото количество нема да му наштети на организамот, туку дополнително ќе го забрза метаблизамот.
16:00 часот
Половина литар вода со собна температура, доколку немате ужини меѓу ручекот и вечерата. Доколку пак имате, не заборавајте да се напиете чаша вода, 15 минути пред ужината. Се препорачува дека најдобро е да се избере лесна храна како некоја салата, наместо јаткасти плодови и овошје во овој дел од денот.
20:00 часот
Чаша вода со собна температура. Може да додадете малку лимон и мед во истата. Оваа моќна комбинација ќе ви помогне во поттикнување на дигестијата на вечерниот оброк.
За ефикасно слабеење, потребно е да го намалите количеството на храна, како и нејзиниот калориски внес. Но, доколку го практикувате и овој воден режим, резултатите ќе бидат побрзо забележливи, односно ќе го забрзате значително вашиот процес на слабеење.