Ако сакате да се помирите со вашиот поранешен партнер, и тој е роден во еден од следниве 3 хороскопски знаци – имаме лоши вести за вас. Овие луѓе имаат толку цврст карактер што никогаш не би простиле во име на љубовта.

1. Лав

Лавовите се крајно доминантни во секој аспект од нивните животи. Тие се многу сигурни и самоуверени и сакаат другите да ги третираат како да се многу посебни и уникатни. Ако не ја добијат ваквата почит од вас, некои од нив дури ќе се осмелат да ве понижат. После раскинувањето, Лавовите секогаш ќе се однесуваат како ништо да не се случило, тие ќе бидат силни и ако се обидете да ги вратите, тие ќе делуваат уште повеќе недопирливи и ќе ве игнорираат во потполност.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија се многу драматични, љубоморни и наметливи. Ако ги повредите еднаш, тие ќе сторат сé за да ве повредат двојно повеќе и потоа ќе исчезнат од вашиот живот, недозволувајќи ви никогаш повторно да им се приближите.

3. Стрелец

Раскинувањето означува нов почеток за Стрелците. Тие се луѓе кои никогаш не гледаат назад и едноставно продолжуваат со своите животи. Откако раскинете со Стрелец, од истиот не очекувајте ненадејно помирување и обновување на врската.