„Заборавив што е тоа жица за садови- Нанесуваш од смесата, оставаш да отстои 10 минути и бришеш. Сè започнува да блеска!“
Најверојатно секој дома од нас има одредени садови во кујнските кабинети, кои едноставно не можете да ги исчистите до нивен беспрекорен изглед, па дури и да ја користите жицата за садови со часови.
Тврдокорните дамки се особено тешки за отстранување, доколку не се измиени навреме и со текот на времето само уште поцврсто се зафатиле на површината на садот.
Токму за крај на овие кујнски проблеми, за денес ви го откриваме идеалното средство за садови, кое лесно ги отстранува масните дамки и благодарение на кое вашите садови ќе изгледаат како нови!
Домашна паста за чистење на садови
Потребни состојки
- Половина чаша сода бикарбона
- 1 кафена лажица средство за миење садови
- 2 супени лажици кислородна вода (водороден пероксид)
Начин на подготовка
Измешајте ги сите состојки заедно, додека смесата не започне да наликува на павлака. Доколку е потребно, додадете уште малку од кислородната вода.
Начин на употреба
Добиената смеса нанесете ја на површината на садовите и оставете ја истата да отстои 10 минути. Веднаш потоа отстранете ја пастата со мокра крпа и измијте ги со вода остатоците од истата.
Вашите садови успешно ќе го вратат нивниот првобитен блескав, беспреорен изглед и сјај!