Забрането е да носите железен оклоп во парламент: Чудни закони од целиот свет што звучат измислени, но навистина постојат
Законите се обично универзално прифатени правила кои треба да не заштитат и да ни помогнат да бидеме организирани. Законите се различни од земја во земја, одразувајќи ги вредностите на одредена култура, но понекогаш тие се толку чудни што што не тераат да се запрашаме што ги натерало пратениците да донесат одлука за одобрување на овие закони.
Билбордите се забранети на Алјаска, Мејн, Вермонт и Хаваи
Постојат четири држави во САД кои забранија билборди: Алјаска, Мејн, Вермонт и Хаваи. Бизнисмените разбираат дека ова всушност им е од корист, бидејќи билбордите го уништуваат пејзажот, без нив овие држави ја одржуваат својата сценска убавина и привлекуваат повеќе посетители.
Носењето високи потпетици е забрането на некои историски места во Грција
Во 2009 година, Елени Корка, директорка на организацијата за зачувување на грчки антиквитети, рече: “Посетителите мора да носат рамни чевли, потпетиците може да направат дупки на историските места и затоа се забранети“.
Незаконски е магаре да спие во вашата када
Во државата Аризона не можете да оставите магаре да спие во вашата када. Потеклото на законот е всушност смешна приказна која очигледно, никој не сака да се повтори. Во 1924 година, едно магаре пронашло напуштена када пред имотот на неговиот сопственик и животното ја одбрало како добро место за спиење. Додека спиело, браната кај Кингман се срушила, предизвикувајќи огромни поплави. Магарето пловело во кадата неколку часа пред спасувачкиот тим да успее да го спаси. Трошокот кој градот го платил за спасувачките екипи довело до донесување на закон кој забранува магаре да спие во вашата када.
Нелегално е да се борите мечка во Јужна Африка
Во Јужна Африка ви е забрането да се борите со мечка. Што е чудно не само затоа што никој доброволно не би се борел со мечка, но не ни има мечки во Африка.
Нелегално е да се наруши свадба во Австралија
Во Јужна Австралија, ако намерно нарушите свадба, погреб или која било верска служба, може да бидете казнети со 10.000 долари или да бидете затворени 2 години. Во Законот од 1953 година, се вели: „Лице кое намерно попречува или нарушува верска служба, свадба или погреб е виновно за прекршок“.
Не можете да влезете во британскиот парламент облечени во железен оклоп
Законот кој забранува носење на околоп во парламентот беше донесен во 1313 година за време на владеењето на Едвард Втори. Законот е на сила и денес, иако никој не е гонет за ова во модерно време.
Во Ла Паз, Боливија, мажените жени можат да испијат само една чаша вино
Во градот Ла Паз, Боливија, на мажените жени им е дозволено да пијат само една чаша вино на јавни места. Законот е донесен со цел за да ги спречи пијаните жени да флертуваат со други мажи. Исто така, мажите можат да се разведат од сопругата ако ја видат пијана на јавно место.
Некои плажи во Шпанија забрануваат изградба на песочни замоци
Да се прават песочни замоци на плажа е вообичаена активност не само кај децата, туку и кај возрасните. Но некои луѓе во Шпанија граделе огромни замоци што предизвикувало да се насобере толпа луѓе кои им пречеле на оние кои се одјдени само да уживаат во сонцето, а не на изложба на песочни замоци. Па затоа на некои плажи денес тие се забранети.
Нелегално е да застанете такси во Англија ако имате чума
Не можете да се возите во такси или каков било јавен превоз ако знаете дека имате чума или некоја болест како колера, сипаници и тифус. Актите за јавно здравје датираат од средината на деветнаесеттиот век. И покрај тоа што законот е стар, а случаите на чума се многу ретки, сите знаеме колку брзо може да се прошири болеста.
Не можете да правите селфи со Буда во Шри Ланка
Лошото постапување со будистичките слики и артефакти е строго табу во Шри Ланка. Кога правите селфи, стоите со грб свртени кон Буда, што се смета за непочитување, па затоа не треба да правите селфи пред него. Имаше случај кога француски турист беше осуден за „недолично постапување околу верски објекти“. Што правел туристот? Позирал како да се бакнува со Буда.