Луѓето честопати не сакаат да посетуваат места, како што се кафулиња и ресторани каде децата безгрижно си играат наоколу. Но, ова сигурно не е случај со местото што денес ќе ви го претставиме.

Ова е новото ремек-дело на студиото Wutopia Lab, создадено во Далиан, Кина. Новиот ресторан е наречен Лоли Лапутан и е вистинска чудесна земја за уживање на децата, простор за играње и јадење и простор каде возрасните можат да се релаксираат.

Ова премиум детско кафуле е скоро отворено, а како вистинска креативна сала за игри. Постои т.н дел Cloudy Town, со серија акрилни плочи во облик на облак, комплетиран со дрвени куќи, лизгалки, скриени пештери со топки и вртелешки.

Уникатните маси и столчиња го исполнуваат остатокот од просторот, давајќи им можност на родителите да се релаксираат и да уживаат додека нивните деца се забавуваат наоколу. Структурите што нè потсетуваат на колиби, ги привлекуваат децата да влезат внатре и да си играат бескрајно, и истовремно да можат да уживаат и во оброкот со своите родители.

Одделните ќошиња нудат приватен простор за семејства и деца кои сакаат помирно искуство. Екстериерот на ресторанот е украсен со алуминиумски панели, кои ги одделуваат гостите од реалноста и им даваат можност за авантура во создаденото креативно чудо.

Во продолжение погледнете како изгледа целиот овој оргинален концепт: