Заменете ја вечерата со оваа вкусна салата и ќе имате беспрекорна кожа и поздрава коса – Без вишок килограми и полни со енергија
Дури и да не сте приврзаници на здравиот начин на живот и исхрана, најверојатно сте забележале дека кога консумирате одредена храна, секогаш се чувствувате многу поенергично и здраво.
Со внесувањето на оваа мала позитивна промена во вашето дневно мени, за краток временски период, вашата кожа ќе стане беспрекорна, косата значително поздрава и позајакната и притоа, конечно ќе се збогувате со несаканиот вишок на килограми.
Сè што треба да направите е да ја замените вашата вообичаена класична вечера со оваа вкусна салата. Во продолжение прочитајте како може уште денес да ја приготвите.
Пилешка салата со сусам
Потребни состојки
- 1/3 кафена шолја мајонез
- 1 супена лажица сос од соја
- 1/3 кафена лажица сомелен ѓумбир
- 1 чешне изгмечен лук
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
- 1 и 1/3 кафена шолја пилешко филе исечено на коцки (претходно сварено или испечено на скара)
- 1 црвена исечена пиперка
- Половина кафена шолја сварена или конзервирана боранија (исечена)
- 1 супена лажица сусам
- 2-3 супени лажици потпечени бадеми
- Марула
Начин на подготовка
Во мал сад измешајте ги мајонезот, сосот од соја, ѓумбирот, лукот и црвениот пипер. Следно, потпечете го сусамот во сува тава, а бадемите исечете ги на поголеми парчиња.
Во садот измешајте го пилешкото месо, боранијата и сусамот, а на крај додадете го и претходно приготвениот сос. Поставете ја смесата врз марула, а одозгора нанесете ги бадемите.