„Започнав непрекинато да икам, но со овој неверојатно лесен трик престанав за само неколку секунди“
Секој барем еднаш во животот се соочил со икањето, не толку пријатната состојба која претставува неконтролирана контракција на дијафрагмата. Икањето може да предизвика вистинско чувство на неудобност.
Доколку некогаш ви се случи да започнете неконтролирано да икате, пробајте ги следните трикови со цел да ја запрете оваа појава за само неколку секунди.
1. Вода
Овој трик се смета за најефикасен. Застанете исправено, малку наведнете ја главата кон назад и испијте една голтка обична вода. Задржете ја водата во устата, наведнете ја главата уште повеќе. Сега може да ја голтнете водата и бавно вратете ја главата во нормалната положба. Повторете доколку е потребно.
2. Задржување на здивот
Вториот метод кој лекарите го препорачуваат е задржувањето на здивот. Вдишете длабоко неколку пати, а потоа здржете го здивот. Претходно пригответе хартиена ќеса и издишете во истата. Следното вдишување направете го додека исто така ја држите хартиената ќеса. Ова ќе го зголеми количеството на јаглерод диоксид и ќе го запре икањето.
3. Држење на јазикот
Личниот лекар на претседателот Кенеди лично го препорачувал овој трик, кој се заснова на рефлексите. Едноставно малку исползете го јазикот, задржете го со прсти и задржете ја оваа положба неколку секунди.