Многу луѓе го мешаат овој зачин со магдоносот. Иако станува збор за вид на растение од истата фамилија на магдоносот . Се користи како зачин, прилог на јадење и лек –  тоа е коријандерот,  (оваа трева се нарекува уште и кинески магдонос).

Коријандерот  цути кон средината на летото, а потоа формира тркалезни плодови со жолто-кафеава боја.  Семето се користи како зачин, кој совршено надополнува јадења со  месо и риба, супи и одредени сосови.  Листовите се користат како додаток на салати.

 

Кинеските исцелители советуваат да се консумира секој ден,  во пролет и лето.  Ова правило е задолжително за луѓето кои имаат проблеми со срцето.  Листовите на коријандерот, како и семињата содржат различни етерични масла кои ја прават оваа билка корисна за употреба за лекови од народната медицина. Кориандерот е природно анти-септчко, анти-микробиолошко и  антиинфламаторно средство,  и богат извор на витамините  А, Це и Ка. Покрај тоа, растението содржи доста протеини и е богато со микроелементи како манган, магнезиум, железо, растителни влакна, калциум, фосфор и калиум.

 

Го подобрува варењето на храната

Тој се грижи за здрава функција на црниот дроб и цревата. Редовното конзумирање може да помогне за намалување на крвниот притисок кај луѓето со хипертензија, повторно поради високата содржина на калиум.  Исто така  коријандерот  може да ги олесни симптомите на артритис и реума поради своите анти-воспалителни својства. Тој успешно лекува дијареа.

 Го подобрува видот

Коријандерот е многу корисен во случај на проблеми со видот. Со негова помош можете да се ослободите од конјуктивитис.  За да се засили неговото дејство се користи инфузија од семето и лисјата на растението.

Го освежува здивот

Овој ефект се должи на антисептички својства на растението.

 

Ризик од контраиндикации за луѓето со бубрежни заболувања

Покрај неговите придобивки за здравјето на срцето, коријандерот има и одредени контраиндикации. Тој не е многу кориснен за бубрезите и за  за пациентите со бубрежна инсуфициенција. Калиумот е еден од микроелементите кои се апсорбираат од организмот за одржување на мускулите и органите, вклучувајќи и срцето. Во нормални околности, телото го  регулира овој минерал во крвотокот и го одржува нивото на калиум во нормални граници преку бубрезите. Затоа бубрезите играат важна улога при регулација на нивото на калиум во крвта. Кај пациенти со бубрежна инсуфициенција, бубрезите не можат да филтрираат доволно калиум, што доведува до високо ниво на калиум во крвта.