Запознајте ја средношколката која е примена на 115 факултети и која доби над 3.3 милиони евра за стипендија
Наместо да учествува во Интернет предизвиците како сите останати ученици, оваа средношколка си поставила сопствен предизвик: Да види на колку факултети најмногу може да биде примена!
Антоанет Лав, од Њу Орлеанс, постигнала највисоки резултати од матурскиот испит во единственото средно училиште во градот кое својата програма ја нудело на повеќе јазици, а притоа вклучувало активности со помош на кои учениците се подготвувале во светски рамки.
По успешното завршено средно образование, дошол ред на факултетите, а Лав си поставила сопствен предизвик, односно сакала да види на колку факултети ќе успее да биде примена.
Откако престанала да брои во колку образовни институции аплицирала, набрзо на нејзината домашна адреса пристигнале извонредни вести!
Антоанет добила бројни писма кои потврдувале една иста работа: Средношколката добила одоговори дека е примена на дури 115 факултети, а поради нејзиниот висок просек од матурскиот испит, сите факултети понудиле и стипендијата, која вкупно ја надминала вредноста од 3.3 милиони евра!
„Прво не ни помислував дека ќе бидам примена на толку многу факултети, но тогаш писмата не престанаа да пристигнуваат. Не ми се веруваше, останав без зборови!“- изјави Антоанет во интервју за Си-ен-ен.
Иако многумина се прашуваат како повеќето студенти можат да си ги дозволат тамошните факултети, бидејќи важат за премногу скапи, Антоанет ги искористила сите придобивки од програмите кои нудат бесплатно образование, врз основа на нејзиниот успех, како и расата.
Средношколката сè уште е во процес на размислување, која понуда од кој факултет конечно ќе ја прифати, односно кој ќе биде нејзиниот краен избор, а за својата иднината вели:
„Би сакала да станам наставничка во основото образование, бидејќи сакам позитивно да влијаам врз останатите и да ги поттикнувам да бидат најдобрата верзија од себе!“